Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) спроведе шест дво-дневни обуки за финансиско знаење наменети за земјоделци. На обуките им бea презентирани теми од областа на управување со личните финансии и организациските парични средства, одредување на цена на чинење на нивните производи и пресметување на прагот на рентабилност, принципи на одговорно позајмување и штедење. Дополнително беа опфатени и теми за осигурување во земјоделието и за задругарството, кои беа од особен интерес за оваа целна група.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во февруари 2017 г. спроведе две дво-дневни обуки за финансиско знаење. Обуките се оддржаа во Кавадарци и во с. Мустафино. Учесници на обуката беа земјоделци од наведените региони, а дел од нив корисници на микрофинансиски услуги.
Првата награда во категоријата мали претпријатија му припадна на Деан Бадаревски од „Софа студио“ - Скопје, додека втората награда му припадна на Васко Брдаровски од „Евросуровина ПА“ - Битола.
Советот на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на шестата редовна седницата што се одржа на 14 јуни 2016 година го усвои Годишниот извештај за работата на МРФП во 2015 година, со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) заедно со Здружението КХАМ од Делчево и Сојузот на стопански комори на Македонија ги сумираа резултатите од проектот „Пат кон кариера“ и ги презентираа на завршниот настан што се одржа на 19 мај 2016 година во хотелот Манастир во Берово.