На 25.11.2019 г. во х. Холидеј Ин во Скопје, потпишани беа 17 договори за финансиска поддршка (ЕУ грантови) за 9 постоечки и 8 новоформирани земјоделски задруги. Финансиската поддршка од Европската Унија е за инвестиции во објекти и опрема за преработка, складирање и маркетинг на земјоделски производи со кои се подобруваат капацитетите на земјоделски задруги и конкурентноста на земјоделството.
Ве известуваме дека рокот за доставување на пријавите за „Повик бр. 3/ЗАМ/2018 за пријавување интерес за формирање на земјоделски задруги“ е продолжен до 12.11.2018 г. до 16:00 часот. Со почит. Проект „Поддршка за развој на земјоделски задруги“
На 22 март 2018 година, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа промоција на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.
Проектот ќе се спроведува од страна на CARE Deutschland –Luxemburg и Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП).
Зголемени работни вештини на припадниците на заедниците од скопскиот и југозападниот регион
На 26.12.2017 г. заврши спроведувањето на проектот „Пристап на Ромите до (само)вработување“ преку кој повеќе од 140 Роми, Египќани и припадници на другите заедници од Скопје, Охрид, Струга и Кичево, како и од другите општини од скопскиот и југозападниот регион, ги подобрија своите вештини за да се вклучат на пазарот на трудот.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во соработка со општина Охрид, на туристите и граѓаните на градот Охрид им подари детското игралиште наречено „Авантура за најмладите“.