Приказната на Станко Стаменковски претставува една многу интересна сторија и пример за успешен сточар која вреди да се чуе. По 40 години успешна кариера како угостител и бизнисмен, добра материјална состојба и живот во самиот центар на главниот град, Станко и неговата сопруга се одлучуваат да станат сточари.
Сите ми го поставуваат истото прашање, како некој се одлучува од центар на главниот град да се пресели на село и да стане сточар?“ Приказната на Станко Стаменковски претставува една многу интересна сторија и пример за успешен сточар која вреди да се чуе. По 40 години успешна кариера како угостител и бизнисмен, добра материјална состојба и живот во самиот центар на главниот град, Станко и неговата сопруга се одлучуваат да станат сточари. „Сите ми го поставуваат истото прашање, како некој се одлучува од центар на главниот град да се пресели на село и да стане сточар?“ „Јас и сопругата сме по потекло од кумановското село Младо Нагоричане и иако имавме можност да се преселиме во Скопје и да живееме лесен живот, секој слободен час и секој заработен денар го вложувавме во селскиот имот.“ Денеска Станко е сточар, одгледува 19 молзни крави во високоопремени штали, со сета придружна механизација.
Главна заработувачка му носи продажбата на млеко на Битолска млекарница, со која успешно соработува преку десет години. Сам ја произведува сточната храна, а дури произведува и сопствено природно ѓубриво. „Моите амбиции се многу големи. Во иднина планирам да купам 50 телиња кои би ги чувал исклучиво за зголемување на нивната телесна маса и продажба. Би сакал и да ги искористам владините субвенции за купување земјоделско земјиште, на која би произведувал храна за добитокот и на тој начин да ги намалам обртните трошоци.“ Како најголем проблем, тој ја нагласува ниската откупна цена на млекото. „Од 24 денари, оваа година цената на млекото се намали на 17 денари.
Тоа драстично влијаеше на нашите приходи и се трудиме максимално да ги намалиме обртните трошоци“.Станко со голем ентузијазам зборува за своите планови.Редовно е во контакт со својот финансиски посредник – Можности и вели дека секогаш му излегуваат во пресрет. Целосно е информиран за сите кредити кои се наменети за сточарите и земјоделците како оние што ги нуди Македонската развојна фондација за претпријатија. Детално ги планира сите вложувања и вели дека поголемиот обрт и поголемите приходи зависат од поголем пристап до финансиски средства.