Ружица Трпкова од Скопје е сопственичка на сметководствено биро кое успешно работи веќе 16 години. Потекнува од претприемничко семејство – нејзиниот татко бил еден од најпознатите претприемачи во Скопје со својата фабрика за пластика. Уште од најрана возраст, своите детски денови ги поминувала во фабриката. Татко ѝ го вклучил целото семејство во работата, па со своите четири браќа го продолжиле семејниот бизнис кој успешно постои и денес.
По долги години напорна работа и вклученост во сите сегменти на фирмата, поради презаситеност со она што веќе го работела со години, во 2001 година отворила свое сметководствено биро.Ружица Трпкова од Скопје е сопственичка на сметководствено биро кое успешно работи веќе 16 години. Потекнува од претприемничко семејство – нејзиниот татко бил еден од најпознатите претприемачи во Скопје со својата фабрика за пластика. Уште од најрана возраст, своите детски денови ги поминувала во фабриката. Татко ѝ го вклучил целото семејство во работата, па со своите четири браќа го продолжиле семејниот бизнис кој успешно постои и денес. По долги години напорна работа и вклученост во сите сегменти на фирмата, поради презаситеност со она што веќе го работела со години, во 2001 година отворила свое сметководствено биро.
„Отсекогаш го сакав сметководството и бројките. На свои 13 години ја прочитав првата книга за сметководство поради која го засакав и оттогаш секаде ја носам со мене“, вели Ружица и додава дека поради тоа што целиот живот работела со машини и мажи, денес во нејзината фирма ги вработила сите женски членови од семејството, работејќи и понатаму во фамилијарен дух.
Што се однесува до кредитот, таа вели дека уште од самиот почеток е запознаена со можностите на кредитите од МРФП. Долги години успешно соработува со микрокредитната фондација Хоризонти. Средствата од кредитот ги искористила за осовременување на работењето, набавка на половни компјутери и вградување на нов сметководствен софтвер. Таа вели дека сметководствените регулативи постојано се менуваат и треба да се следат, да се следат и сметководствените софтвери без кои не би била можна работата во денешно време. Ружица вели дека е оптимист за иднината и во план ѝ е да се прошири со нова локација, нови клиенти, како и да ја оствари желбата да спроведува обуки и семинари за сметководство.