За Ирена Зафирова занимавањето со изработка на предмети од кожа и крзно настанало сосема случајно, кога по 6 години напорна работа добила отказ од една приватна рекламна компанија. Бидејќи креативната работа и работата со раце отсекогаш ја привлекувале, некако спонтано, интуитивно се одлучила да посетува обука за крзнарство. По една година учење и практична работа, во 2012 година таа отворила сопствен бизнис и ја остварила својата љубов кон создавањето рачни изработки.
За Ирена Зафирова занимавањето со изработка на предмети од кожа и крзно настанало сосема случајно, кога по 6 години напорна работа добила отказ од една приватна рекламна компанија. Бидејќи креативната работа и работата со раце отсекогаш ја привлекувале, некако спонтано, интуитивно се одлучила да посетува обука за крзнарство. По една година учење и практична работа, во 2012 година таа отворила сопствен бизнис и ја остварила својата љубов кон создавањето рачни изработки. Компанијата работи со изработка на производи од кожа и крзно, репарација на истите, одржување, нега и сè што е поврзано со кожа и крзно. Според Ирена, немаат никаква конкуренција во овој домен, бидејќи токму вакво занимање е ретко и додава дека за жал, им предизвикува проблем, па дури и со наоѓање работници. Таа вели: „Имам многу идеи и планови, но најголем проблем е заинтересираноста на луѓето за работа од овој тип“. Поради неможноста да најде работници, нејзиниот раст е ограничен, за жал, поради тоа што постои огромна побарувачка и потенцијал.
Интересно во оваа приказна е што Ирена добива понуди дури и од гигантот Икеа од Холандија, со кои остварила успешна соработка за изработка на женски крзнени чанти и за која се надева дека ќе продолжи и во иднина.
Средствата од кредитот на Ирена ѝ биле потребни за набавка на нови машини, кои ќе ѝ ја олеснат работата. Засега има двајца вработени, кои заедно со неа, работат на најразлични нарачки, дизајни и најразлични идеи. Госпоѓа Ирена и вистински пример за успешна жена–претприемач која својата љубов и хобито ги претворила во успешна претприемничка приказна.