За Христо Арсовски занимавање со автомеханика било логично продолжение на она што со години успешно се занимавал неговиот татко. Иако првично се определил за нешто сосема спротивно од моторните возила и студирал книжевност и пеење, по тешката болест на својот татко, бил принуден да го преземе бизнисот и да го продолжи занаетот.
Добива понуда за пракса во BMW и Mercedes-Benz во Германија, а потоа и за работа во Љубљана, во Женева и во Лондон, со што му се укажала ретка шанса да се доквалификува и да се истакне меѓу конкуренцијата. За Христо Арсовски занимавање со автомеханика било логично продолжение на она што со години успешно се занимавал неговиот татко. Иако првично се определил за нешто сосема спротивно од моторните возила и студирал книжевност и пеење, по тешката болест на својот татко, бил принуден да го преземе бизнисот и да го продолжи занаетот. Добива понуда за пракса во BMW и Mercedes-Benz во Германија, а потоа и за работа во Љубљана, во Женева и во Лондон, со што му се укажала ретка шанса да се доквалификува и да се истакне меѓу конкуренцијата.
По 40 години напорна работа, раст и селидба на пофреквентна локација, на еден од најважните регионални патишта во регионот се појавиле и нови предизвици. Бројот на клиенти постојано му се зголемува, а како лиценциран механичар за поправки на Мерцедес во Македонија, добива повик од светскиот бренд Gazprom, да биде првиот овластен претставник во земјата кој ќе нуди услуга за брза промена на моторно масло, во рок од 15 минути. Своите подеми и падови во бизнисот ги дели со своите 7 вработени за кои вели дека му се првенствено пријатели. Како најголеми проблеми ги нагласува нелојалната конкуренција и пристапот до финансиски средства за покривање на тековните трошоци.Средствата од кредитот преку финансискиот посредник НЛБ банка ги искористил за доградба на автосервисот, поставување подни облоги и подвижна влезна врата. Вели дека е задоволен од нивните услуги и планира да продолжи да соработува со нив во иднина.
„Бидејќи моите амбиции не завршуваат тука, ќе ми бидат потребни дополнителни средства, првенствено за голема реклама за соработката со Gazprom која ќе вклучува билборди, реклами на телевизија, радио, а потоа и за ширење на бизнисот и вклучување нови лиценцирани претставници за ваквиот вид услуги. Во иднина, планираме да се прошириме и со понуда на камионски делови. Имаме многу планови и желби, но секако, сè зависи од финансиските средства“, завршува Христо.