Ремзија Амети со години им го разубавува еден од најважните денови во животот на девојките – денот на нивната свадба. Во малиот дуќан во Т.Ц. Мавровка таа со огромна позитивна енергија и ентузијазам му приоѓа на секој нов невестински фустан како да и е прв во шивачката кариера.
Опкружена со раскошни невестински фустани, ги дочекува идните невести и нивните желби ги претвора во реалност. „Материјалите за фустаните ги набавуваме во Дубаи, таму набавуваме и украси за нив“, вели Ремзија. За тој дел од работата најчесто е задолжен нејзиниот сопруг. Новата инвестиција на Ремзија е машината за шиење и везење која ќе и овозможи да продолжи со работата во нејзиниот бутик. Вкупната инвестиција изнесува околу 3.500 евра.