Арјанит Хоџа и неговата компанија Фреш фиш две години пливаат во водите на производството и трговијата со риба. Рибникот лоциран во с. Вруток, годишно произведува по 120 тони риба, а со тоа не се исцрпени неговите можности. Засега, рибникот има 7 вработени. Последната инвестиција од 22.000 евра била наменета за проширување на базените, производството и за набавка на класификатор на риба и храна за риби.
Фреш фиш дел од сретствата ги обезбеди од свои извори а дел преку кредитната линија на МРФП преку финансискиот посредник Халкбанк. Производството и трговијата со риба за Аријанит Хоџа било логично продолжување на претходното седумгодишно искуство во компанијата на неговиот татко која веќе 20 години произведува рибна култура и врши трговија со храна за риби.
„Производството на риба бара време“, вели Хоџа, „целиот процес од набавка, потхранување, продажба и наплата трае од 15 до 18 месеци“, додава тој. Фреш фиш своите производи ги пласираат главно преку рестораните. Дел од идните планови се однесуваат на преработка на рибата и транспорт на жива риба до клиентите.