Димитар Смилјановски, Соработник на проект
+389 2 3088 992
Дипломирал на Факултетот за бизнис администрација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Своето академско образование го продолжува на Универзитетот „Вилнус“ во Литванија како носител на стипендијата Еразмус Мундус на Европската комисија каде што магистрира на насоката меѓународен бизнис менаџмент. Во текот на своето образование има ангажман во областа на финансиското работење во компанијата ЕОС Матрикс и Тутунска банка. Подоцна се вклучува и во проектниот тим за зајакнување на капацитетите на Здружението на новинари на Македонија во рамки на УСАИД програмата за човечки и институционален развој. Во периодот 2012-2014 година работи во Македонскиот центар за меѓународна соработка, како дел од тимот кој раководи со Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП). Од 2015 година работи во МРФП на позицијата соработник на проекти. Одговорен е за финансиските и нефинансиките услуги (раководење на проекти, анализа и истражување за развој на претприемништвото).
https://www.linkedin.com/pub/dimitar-smiljanovski/b0/562/456