И оваа година МРФП беше еден од организаторите на Европскиот ден на претприемачот. Оваа година тој беше дел од манифестацијата Европска недела на малите и средните претпријатија – 1st European SME Week ’09, која на европско ниво е координирана од Европската комисија.
Во рамките оваа манифестација, МРФП организира панел дискусија насловена „Економската криза и пристапот до финансии“. Целта на панелот беше да се расветлат проблемите и решенијата во пристапот до финансии со кои се соочуваат претпријатијата и финансиските институции во услови на глобална криза. Говорници на настанот беа (на сликата одлево кон десно):
- Владимир Матевски, Сојуз на стопански комори;
- Снежана Андова, Штедилница Можности;
- Тетјана Лазаревска, МРФП, во улога на модератор;
- Иван Шверко, Хипо Алпе-Адриа-Банк д.д. Загреб;
- Питер ван дер Хамен, ЦБИ консултант, Холандија; и
- Антонио Аргир, НЛБ Тутунска банка АД Скопје.
Панелот се одржа на 8 мај 2009 г. во х. Александар палас со присуство на околу 150 интересенти од различен профил (претприемачи, банкари, државни институции), а беше пренесуван и во живо преку интернет.