Амбасадата на Кралството Холандија во Република Македонија (АКХ) и Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) огласуваат конкурс за избор на иновативни решенија за велосипед во функција на бизнисот – БизЦикли. Изборот ќе биде промовиран во рамките на активностите за одбележување на “Денот на кралицата (Queen’s Day)“ на 29 април 2008 година.
Како треба да изгледа идејното решение?
Идејното решение треба да понуди функции на велосипедот за извршување на бизнис активности во урбана и/или рурална средина како што се: испорака на пошта и/или достава на документи и пакети и/или собирање пластични и отпадни материјали и/или достава на прехранбени продукти и/или транспорт на земјоделски продукти и/или алтернативен туризам и транспорт итн. Доставените идејни решенија треба да бидат оригинални, изведливи, практични и во однос на производната цена - достапни.
Кој може да учествува?
Сите заинтересирани правни и физички лица во Р. Македонија.
Како можете да учествувате?
Пополнете ја пријавата за учество и заедно со идејното решение - нацрт (по можност да биде во JPEG формат - 800 x 600 пиксели) доставете ги на адресата на МРФП наведена подолу.
Бројот на идејни решенија не е ограничен.
Рокот за доставување на идејните решенија е до 15 април 2008 година.
Награди за најдобри идејни решенија*:
- Прва награда: € 500
- Втора награда: € 300
- Трет награда: € 100
*Изборот на најдобрите идејни решенија ќе го направи Комисија составена од претставници на Амбасадата на Кралството Холандија во Р. Македонија, Македонската развојна фондација за претпријатија, Велосипедската федерација на Македонија, Сити Бајк и Собим (и Федерација на фармери).
Како и каде да не контактирате за прашања?
Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП), П. Фах 55, 1060 Скопје
Лица за контакт: Тетјана Лазаревска или Глигор Михаиловски тел. 02/3065-381
E-пошта:
Зошто “велосипеди во функција на бизнисот”?
- да ја одржиме и заштитиме животната средина;
- да промовирате алтернативен и евтин начин на транспорт;
- да ја намалиме емисијата на штетните гасови;
- да ја подобриме нашата здравствената состојба ,
- да ги намалиме трошоците на нашиот бизнис.
Апликација за конкурс