МРФП учествуваше на конференција насловена “Внимавајте на јазот: Банкарски прифатливи пристапи за зголемување на пристапот до финансии”.
Конференцијата во организација на холандското јавно приватно партнерство НФХ се одржа на 2 ноември 2006 г. во Амстердам фокусирана на три централни прашања: како приватниот сектор може да го подобри пристапот до финансиски продукти, кои се успешните бизнис случаи и научените лекции, и која улогата на донаторите во овој процес.
Дел од дискутираните теми опфатија:
- финансискиот сектор и милениумските развојни цели
- банкарски услуги преку мобилна телефонија
- поштенско банкарство
- формализирање на дознаки од дијаспора
- интегрирање на микрофинансирање во финансиските системи
МРФП оствари и повеќе контакти, меѓу кои со Ханс Боон од ИНГ банката и Јаспер Менкен, Заменик директор на НФХ.