Обуките подржани од МРФП дадоа насока за подобро планирање на стратегијата на ССК и разбирање на институционалната поставеност на ССК, добрите и лошите страни како и можностите за напредок.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) воспостави соработка со Сојузот на стопански комори (ССК) преку програмска и организаициска подршка за ССК, во насока на формирање на соодветна околина за развој на МСП.
ССК е формиран во јуни 2004 година како водечка деловна мрежа во приватниот сектор. Мисијата на ССК е постојано зголемување на конкурентноста на компаниите членки, унапредување на македонското деловно опкружување и зголемување на продажбата на македонските производи на глобалниот пазар. ССК се состои од 5 грански комори: индустриска комора, трговска комора, услужна комора, агро-бизнис комора и ИКТ комора, во кои членуваат мали и средни претпријатија.
МРФП ги подржа следните активности: обука за институционален развој и организациско јакнење, обука за односи со јавноста, работилница за соработка на ИТ и агро сектор, изработка на web страна за претставување на фирмите од агро секторот и нивните понуди , користење на консултантски услуги од германски консултант, изработка на брошури, прирачници и памфлети, учество на семинар за унапредување на извозот во организација на ЦБИ Холандија, како и презентација за кредитни линии и гарантен фонд.
Реализацијата на активности, поделени на програмска и организациска подршка, за кус временски период дадоа позитивни резултати. Обуките дадоа насока за подобро планирање на стратегијата на ССК и разбирање на институционалната поставеност на ССК, добрите и лошите страни како и можностите за напредок. Преку подршка на консултантската услуга од страна на искусен експерт, ССК дополнително доби информации за начинот на организирањето на работата во службите, комуникација со своите членови како и со владиниот сектори и другите чинители.
Преку присуството на координатор на ССК на семинарот во Ротердам, наменет за современо текстилно производство, ССК доби знаења за пласман на ЕУ. Овие знаења се пренесени на малите и средните претпријатија кои се занимаваат со текстил а се членови на ССК. Со презентацијата на кредитните линии на МРФП, односно Тутунска банка, ИК банка и Можности, повеќе стопанственици вклучени во работата на ССК имаа можност да разговараат за условите за добивање кредитна линија наменета за стопанството. Преку промоција на земјоделски продукти и фирми на интернет, ССК го прави потребниот чекор за зајакнување на конкурентноста на земјоделските производи на македонските фирми во земјите во регионот и ЕУ. Преку брошурите и памфлетите се зголемува видливоста на ССК и зголемува можноста за зачленување на дополнителен број претпријатија.
Позитивните резултати од подршката на ССК, за МРФП, се следните: со подршка на организација која во себе вклучува претпријатија, микро и мали како и средни, МРФП го подигна нивното на подршка на градење капацитет кон вмрежувачки организации/здруженија но и подршка на претпријатија (индиректно).