МРФП се претстави на четвртиот Меѓународен саем на финансии, деловни можности и економски развој “ФИНЕКСПО 2005” како во изложбениот дел така и во форумскиот дел.
На презентацијата “Гарантните фондови и пристапот до кредите”, која беше заеднички организирана со Македонската банка за поддршка на развојот (МБРП) и Гарантниот фонд претставниците од сите три институции ги презентираа можностите и критериумите на гарантните фондови како и можностите кои ги нудат тие во олеснувањето на пристапот до кредити. Зборувајќи за гарантниот механизам на МРФП, Тетјана Лазаревска објасни дека целта е да се охрабрат финансиските институции да пласираат средства во поранешните кризни региони и таму каде има недостаток на обезбедување. “Пристапот до средствата од фондот, крајните корисници го имаат преку финансиските инситуции”, рече таа. Лазаревска ги објасни и критериумите и условите за користење на средствата.
За почетоците на гарантните фондиви во светот, таа истакна: “Механизмот на гарантните фондови се користи уште од 1848 година кога во Белгија е основан првиот таков фонд. Вистински бум настанува во почетокот на 90-тите, а во Македонија се попопуларизираат во почетокот на овој век”, додаде таа.
Шеесетината посетители на презентацијата имаа можност да ги разрешат своите дилеми и да добијат објаснување за нивните прашања поврзани со гарантните механизми на трите организации што се претставија.