Градење капацитет на ЗЗ и ЗП: Со обуката се опфатени индивидуални земјоделци, невработени, микро и мали претприемачи и нивни вработени.
Заради градење и зајакнување на капацитетите на здруженијата на земјоделци и претприемачи за спроведување развојни интервенции, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), од 28 февруари до 1 март во Скопје, финансиски ја поддржа обуката за архивско работење наменета за членови на здруженија на земјоделците и претприемачи.
„Доаѓам од Пчеларското здружение ‘Полен’ од Свети Николе, членка на Регионалниот пчеларски сојуз ‘Матица’ од Штип. Веќе 10-тина години сум вклучен во здружението во повеќе активности. За архивирањето учев од моите постари колеги, а ова ми е прва обука воопшто од ваков вид. Сега можам да споредам и да увидам дека доста работи сум правел исправно, но за добар дел од архивирањето не сум ги спроведувал исправните чекори. Тоа ново сознание и ќе го пренесам во мојата организација и ќе го спроведам на дело”, истакна Лазар Златов, учесник на обуката.
И Касами Бехаре, учесничка на обуката, од Фондацијата за поддршка на претпријатијата од Тетово, беше задоволна од новостекнатите сознанија за архивското работење: „Во ЕСА вршам административни и преведувачки работи повеќе од 5 години. Ова ми е втора обука за архивско работење и тие навистина ми помагаат како исправно да работам на таа проблематика. За архивското работење ми помогна претходниот администратор во фондацијата, но имаше уште доста да се научи. Мислам дека по овие обуку, ќе работам архивско работење според сите прописи. А, и природата на нашата дејност ни налага доста голем обем за архивирање. Всушност, ЕСА нуди нефинансиски услуги на претпријатија, како на пример изготвување финансиски елаборат, а таквите работи бараат прецизно и точно архивирање”, додаде Бехаре.
На обуката учествуваа претставници од Групата за развој на потсекторот „домат и пиперка” и на потсекторот „јаболко”, како и на „ЕСА” Гостивар, „ЕСА” Тетово, ЗЗП Куманово, Агропродукт и Матица од Штип.
Спроведувач на обуката беше Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а обучувачи беа Валентина Чичева и Мирјана Куновска од МЦМС.