Советот на МРФП на 26 април 2012 година ја одржа својата шеста редовна седница. Членовите разговараа за годишниот прогрес и финансиски извештај за 2011 година и независното ревизорско мислење, како и за деловниот план на МРФП за 2012-2016 година.
Тетјана Лазаревска, извршен директор на МРФП во кратки црти ги презентираше постигнувањата во претходната 2011 година. Таа истакна дека во рамките на финансиските услуги, исплатени се над 217 милиони МКД, што е за 20 милиони повеќе од претходната 2010 година. Средствата се исплатени кон 1.147 клиенти или 181 повеќе од оние во 2010 година. На овој начин, поддржани се 1.421 постојано и 475 нови работни места. „Ако погледнеме наназад“, рече Лазаревска, „во досегашната работа, од 1998 до 2011 година, МРФП исплатил 34,9 мил. евра кон 9,370 клиенти и на тој начин поддржал 16,060 постојни и 3,475 нови работни места“. Таа на кратко ги презентираше и постигнувањата во промоцијата на претприемништвото посебно промоцијата на претприемачи, општествената одговорност на претпријатијата, економски активности на Косово и промоцијата на женско претприемништво.
Членовите на советот изразија задоволство од постигнувањата во претходната година. Годишниот извештај, заедно со финансискиот извештај и независното ревизорско мислење беа едногласно усвоени.
Во врска со деловниот план, Лазаревска потенцираше дека кредитите, и во овој среднорочен период ќе бидат доминантна финансиска услуга. Капиталните вложувања се новина која треба да биде испитана. Дел од активностите во среднорочниот план ќе бидат и градењето капацитети за финансиски услуги и застапувањето за развој на финансиски услуги. Кај промоцијата на претприемништвото фокусот ќе биде ставен на истражувањата за развој на претприемништвото, партнерствата за развој на мали претпријатија и општествената одговорност.
Деловниот план доби едногласно одобрување од членовите на Советот.