Дваесет женски бизниси во регионот на Струга, како и други претпријатија,организации за претприемништво, локалната самоуправа и граѓански организации ќе бидат дел од проектот што го спроведува МРФП заедно со Центарот за управување со промени и кризи од Албанија.
Во март 2011 година МРФП и делегацијата на ЕК во Република Македонија го потпишаа договорот за спроведување на проектот „Промоција на женско претприемништво во пограничен регион“.
Проектот има неколку цели: да ја зголеми соработката и трговската размена помеѓу (жените) претприемачи од пограничниот регион; да создаде поволна околина за развој на женски бизниси и да ги промовира бизнисите водени од жени.
Со проектот ќе се подобри знаењето и капацитети за водење бизнис на 15-20 жени претприемачи, посебно за односи со клиенти, промоција на продукти и продажба; ќе се подобрат промотивните активности на жените претприемачи; ќе зголеми соработка и трговската размена помеѓу бизнисите од двете страни на границата и ќе се воспостават мрежи и партнерства помеѓу жените претприемачи и останатите бизниси во пограничниот регион.
Со активностите кои ќе бидат спроведени од МРФП во регионот на Струга се предвидува да бидат опфатени 20 женски бизниси, како и други претпријатија, организации за претприемништво, локалната самоуправа и граѓанските организации.
Проектот ќе трае до 24 декември 2011 година, а вкупниот буџет на изнесува 30,166 ЕУР.