Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) на 25.12.2009 година, во хотелот Стоун Бриџ во Скопје, потпиша договор за финансиска поддршка на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), за спроведување на новиот Стратешки план на на ССК.
Меѓусебната соработка и вмрежувањето се суштински за зајакнување на микро, малите и средните претпријатија, што е една од основите за нивно поврзување во организации на претприемачи како што се стопанските комори. Со Сојузот на стопански комори на Македонија, МРФП веќе воспостави долгорочна соработка. Нивната проактивна улога во промоцијата на претприемничкиот дух и култура и влијание врз јавните политики се едни од дефинираните долгорочни цели на МРФП.
Токму од овие причини, МРФП финансиски ќе го поддржи спроведувањето на новиот Стратешки план на ССК во износ од околу 5 милиони денари, во периодот до декември 2011г.
На самиот чин на потпишувањето на договорите, извршните директори на ССК и МРФП имаа кратко излагање за своите активности за поддршката на малите и средните претпријатија во земјата.